Приведен кумановец за недозволено поседување оружје

Од:

Кумановската полиција изврши претрес и приведе 29-годишник кој поседувал оружје без дозвола, соопшти денеска СВР Куманово.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

-Имено, по насоки од Одделот за криминалистичка полиција и добиена наредба од Основен суд Куманово извршен е претрес кај М.З., при што се пронајдени и одземени два пиштола и рамка со седум боеви куршуми, кои ги поседувал без дозвола, соопшти СВР Куманово.

М.З. е приведен и по документирањето на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва