Казна од 2,8 милијарди долари за „Алибаба“ поради монополско работење

Од:

Кинескиот трговски гигант Алибаба е казнет со 2,8 милијарди долари поради монополска активност.

Кинеските власти ја засилуваат контролата над технолошките компании, затоа што кинеското политичко раководство е загрижено за доминацијата на најголемите онлајн компании кои се шират на финансискиот пазар, и во сферата на медицинските услуги и во другите витални индустрии.

Компанијата е казнета за „злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот“ со цел да ги ограничи своите активности на конкурентите кои работат преку платформата Алибаба.

Државната служба за контрола на бизнисот соопшти дека Алибаба го попречува „слободниот проток на стоки“, за што е изречена висока казна од 69,5 милијарди долари, што е еквивалентно на четири проценти од вкупниот приход остварен во 2019 година.

„Алибаба искрено ја прифаќа казната и во иднина ќе работи во согласност со законот“, се вели во соопштението на компанијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сопственикот на Алибаба пее партизанска песна во клуб во Белград

Предраг Петровиќ

Кина казни технолошки гиганти за кршење антимонополски закони

Катерина Ѓуровски

Фајненшл Тајмс: Сопственикот на Алибаба два месеца не е виден во јавност, откако ги критикуваше кинеските власти

Жарко Настоски

Нов рекорден промет на Алибаба од 56 милијарди долари на Денот на самци

Ана Ололовска

Пандемијата и донесе на компанијата Алибаба неочекуван голема профит

А1он

„Алибаба“ нуди кредит од речиси три милијарди долари за фирми погодени од коронавирусот