Британскиот актер Бендикт Камбербач тврди дека тој може да е првиот пациент кој заболел од Ковид-19 на почетокот на пандемијата. Тој минатата година бил на снимање во Јужноафриканската Република, каде заболел од мистериозна болест, која ја проучувал целата измината година.
Кумбербач, кој е најпознат по улогата на Шерлок Холмс во серијата „Шерлок“, вели дека симптомите кои ги имал покажуваат дека бил еден од првите пациенти заразени со коронавирусот.
„Бев неверојатно болен“, вели 44-годишниот глумец, кој откако слушнал дека се шири мистериозен вирус во Кина, бил загрижен дека и самиот можеби придонел за ширењето на пандемијата.
„Расмислував: О, боже мој, можно ли е јас да сум нултиот пациент?“, изјави Камбербач за „Индепендент“.
„Бев многу болен и речиси развив воспаление на белите дробови. Повраќав меѓу снимањата,“ вели актерот, кој на крајот на 2019 година во ЈУжна Африка го снимал филмот „Мавританецот“.