„Жан Митрев“ ќе ги намали цените за лекување од Ковид – 19, за „Систина“ намалување нема економска логика

Од:

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе го помогне јавното здравство со отстапување на петмина лекари, но нема да ги намали цените за лекување на пациенти болни од коронавирус оти тоа немало економска логика. Двајца лекари на јавното здравство ќе отстапи клиниката „Ре – медика“ , еден „Жан Митрев“, а Клиниката „Жан Митрев“ најавува и намалување на екстремно високите цени за лекување на болните од Ковид – 19. Намалувањето на цените и отстапувањето на лекарите министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека се веќе договорени.

„Вчера имав состанок со медицинските директори на трите приватни болници, на ‘Ре – медика’ каде не се лечат ковид пациенти, на ‘Жан Митрев’ и ‘Систина’. Најпрво зборувавме за кадарот. Веќе од утре треба да ни биде на располагање, а тоа се пет лекари од Систина’, двајца од болницата ‘Ремедика’ и веројатно еден од ‘Жан Митрев’, иако првичната најава беше дека се голем број од здравствениот кадар на боледување, дека ќе можат да пренасочат еден лекар да биде на располагање. Втората тема на разговорот беа цените. Иако апелирав тоа да се направи бидејќи е криза, бидејќи е пандемија, бидејќи е специфично прашање насекаде во светот, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ‘Систина’ јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат бидејќи немале економска логика“, рече министерот Филипче.

Министерствто за здравство, според министерот Филипче, формално-правно нема никаков механизам за корекција на  цените во приватините клини. Изминатава година приватните клиники „Жан Митрев“ и „Аџибадем Систина“ беа полни со болни од коронавирус. Пациентите се жалеа на астрономски високи цени поради кои многумина беа принудени преку донации да бараат начин да ги платат сметките, а имаше и случаи кога пациентите починуваа додека траеше донирањето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Симпозиумот „Водичи во пракса“ организиран од Клиника Жан Митрев ги донесе европските упатства преточени во реални клинички одлуки

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев