СЗО со критики за бавното темпо на вакцинација против Ковид-19 во Европа

Од:

Светската здравствена организација упати критики денеска поради неприфатливо бавното темпо на вакцинација против Ковид-19 во Европа, која се соочува со највознемирувачката епидемиолошка состојба во последните неколку месеци.

– Бавното темпо на вакцинација ја продолжува пандемијата, соопшти европскиот огранок на СЗО. Во изјавата, се истакнува дека новите случаи на инфекција во Европа драстично се зголемија во последните пет недели.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге нагласи дека „вакцините се најдобриот начин за излез од пандемијата“.

– Не само што делуваат, туку се и многу ефикасни во ограничувањето на инфекциите. Сепак, примената на овие вакцини е неприфатливо бавна. Да бидеме јасни: треба да го забрзаме процесот со зголемување на производството, намалување на бариерите за испорака на вакцини и користење на која било доза што ја имаме во резервите, се вели во изјавата на Клуге.

Тој, исто така, предупреди дека состојбата во регионот е многу загрижувачка во последните месеци. Во европскиот регион на СЗО, кој вклучува педесетина земји, вклучувајќи ја Русија и неколку земји од Централна Азија, бројот на смртни случаи минатата недела надмина 24.000 и „рапидно“ се приближува до еден милион, наведува организацијата.

Бројот на новозаразени достигна 1,6 милиони на неделно ниво, додека тој беше под еден милион пред само пет недели, според СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа