Тинејџер од Тетово сакал да ги тепа мајка си, помалиот брат и полицаецот што дошол да го смири

Од:

16-годишен жител на Тетово бил спречен во намерата физички да се пресмета со неговата мајка и помалиот брат, а нападнал и еден од полицајците кои биле повикани да го запрат насилството, информираа од СВР Тетово.

„СВР Тетово поднесе известување против Г.Ш.(16) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 23.01.2021 во семејниот дом, Г.Ш. физички ги нападнал неговиот помал брат и неговата мајка. Откако на местото пристигнале полициски службеници, тој физички нападнал и полициски службеник,“ се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски