СДСМ: Тешко лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравјето, а организира протести

Од:

Партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски која глуми загриженост за здравјето на граѓаните, денеска продолжи со деструктивноста одржувајќи протест пред Министерството за здравство. Ден пред да пристигнат над 20.000 дози вакцини, ВМРО-ДПМНЕ партијата позната по прекршување на мерките за заштита од ковид 19, организира масовни собири – вели Стефан Васев од СДСМ.

„Се покажа уште еднаш дека од почетокот на пандемијата, па се до денеска ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните и здравствениот систем. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, ним им се важни само личните и партиските интереси. Последен доказ за тоа е денешниот нивен лицемерен протест пред Министерството за здравство“ – рече Васев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ