Драматичен прв натпревар на Македонија на стартот на мундијалските квалификации, Романија стигна до трите бода во финишот

Од:

Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва на гостувањето кај Романија со 3:2 во првиот натпревар во квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски беа на чекор непоразени да се вратат од гостувањето во Букурешт, откако во финишот се вратија од негатива по водството на Романците од 2:0, со головите на Флоријан Настасе во 28 минута и Валентин Михаила во 50. минута.

Откако во првиот дел промашија голем број изгледни шанси за гол преку Илија Несторовски, на два пати, Горан Пандев и Елиф Елмас, македонската репрезентација ја начна романската мрежа во 82. минута преку Аријан Адеми, а само 60 секунди подоцна Александар Трајковски донесе израмнување.

Радоста во македонскиот табор, сепак, траеше кратко, откако Јанис Хаџи им донесе три бода на Романците со гол во 86. минута.

Адеми во последната минута од судиското продолжение постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.

Македонската репрезентација в недела во Скопје го пречекува Лихтенштајн, кој вечерва загуби на домашен терен од Ерменија со 1:0. Во преостанатиот натпревар во рамки на првото коло во групата Ј, Германија очекувано триумфираше како домаќин над Исланд со 3:0.

Би можело да ве интересира

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

УЕФА ќе ја казни Македонија, репрезентативци ги прекршиле протоколите при тестирање во Амстердам

Жарко Настоски

Успех е самиот настап на ЕП, немам проблеми ниту со играчите, ниту со селекторот, вели Сејдини

Жарко Настоски

Нема причина за разочарување, огромно беше задоволството да се води Македонија на ЕП, вели Ангеловски

Жарко Настоски