Пекиншкиот кварт Даксинг, дом на 1,8 милиони луѓе, денеска со кампања со која се предвидува доделување купон со попусти за оние кои ќе се согласат да се вакцинираат против Ковид-19.
Вредноста на купоните се движи од 8 јуани (1,23 долари) до 30 јуани (4,6 долари) во зависност од различните услови и може да се користат во супермаркетите во Даксинг, соопштиja властите.
Попусти во вредност од над 200 милиони јуани (30,7 милиони долари) ќе бидат дистрибуирани преку купоните, објави „Пекинг дејли“, официјалниот весник на властите на комунистичката партија во градот.
Но, на социјалните мрежи се повеќе се изразува загриженост дека токму на тој начин се намалува довербата во вакцините.
Повеќе од 73 отсто од луѓето во Даксинг на возраст од над 18 години примиле барем една доза од вакцина против Ковид-19, објави „Пекинг дејли“.