Макрон: Турските и руските сили да ја напуштат Либија

Од:

Странските сили, турските и руските, треба што побрзо да ја напуштат територијата на Либија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој истакна дека само либиските вооружени сили имаат легитимитет и тие треба да овозможат безбедност во Либија.

– Сите треба да дадеме се од себе странските сили, кои се наоѓаат на територијата на Либија, да заминат што е можно побрзо. Турските сили, руските сили, странските борци, донесени од нив или некој друг на територијата на Либија, треба да заминат што е можно поскоро, рече Макрон по состанокот со лидерот на либискиот претседателски совет, Мухамед Менфи, во Елисејската палата.

Како што пренесуваат странските агенции, Русија игра значајна улога во решавањето на либиската криза, работи како медијатор и се обидува да ги одржи односите со сите конфликтни страни во таа земја.

Властите во источниот дел на земјата работат независно од Триполи и соработуваат со Либиската национална армија, која води долготрајна војна со милитантите.

Новата преодна влада стапи на должност на 16 март, со мирен трансфер на власта, а мандатот се очекува да трае до изборите на крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија