Полицијата упадна во работилница за изработка на оружје во Куманово и го уапси мајсторот

Од:

Полицијата денеска уапси 59-годишен жител на Куманово, во чиј дом и други простории е пронајдена импровизирана, нелегална работилница за изработка на огнено оружје.

„Денеска (23.03.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со ОНТДО при СВР Куманово, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на А. Ќ. (59) и притоа во импровизирана работилница и во домот се пронајдени пиштол, два гасни пиштоли, три воздушни пушки, ловна пушка карабин кал. 8х57мм, ловна пушка кал. 16 мм, 180 патрони, 88 куршуми, карабин, цевка од воздушна пушка, кутија со делови од пушки и пиштоли,“ се вели во полициското соопштение.

А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он