Мицевски: СДСМ и ДУИ го блокираат петтиот сет мерки

Од:

Денеска на редовната координација, стана јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на седницата. Затоа како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денес предложивме да се закаже посебна седница на која што ќе ги разгледаме законите поврзани со финансиските мерки поврзани со корона пандемијата, на седницата да учествуваме и законите од 5от пакет мерки да поминат. Овој наш предлог беше одбиен – рече на прес конференција координаторот на паратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ. Доколку им беше навистина грижа за граѓаните немаше да го одбијат овој наш предлог експресно да се донесат овие закони. Тие го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум, нешто што е нивна обврска, туку сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и на утрешната закажана седница да протуркаатштетни закони за кои треба да се дебатира бидејќи сметаме дека се штетни за граѓаните и државата. Апелираме до пратениците од парламентарното мнозинство конечно да разберат дека во Собранието треба да се борат за интересите на оние кои што ги гласале, а тоа се граѓаните и овој пакет закони е за нивни бенефит, а не да бидат послушници на погубните политики креирани од Зоран Заев и СДСМ“ – вели Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија