Мачката Ѓуси родена на 11-ти јуни во Орегон, САД е една од ретките кои имаат посебено медицинско пореметување, поради тоа што има едно тело, но две лица.
-Ја пронајдоа моите деца, и ми рекоа дека мачето има две глави. Не им поверував додека не ја видов – изјави сопственичката на мачката Стефани Дарки.
Мачките со две лица во ветеринарството се познати како „Јанус “мачки.
Ветеринарите ја прегледале мачката и воспоставиле дека и покрај пореметувањето таа е совршено здрава.
Нејзиното мало тело е доволно силно да го издржи двојното гласно мјаукање со кое го поздравува светот околу себе.
Елена Георгиевска