Во Естонија на сила построги мерки до 11 април

Од:

Владата на Естонија, со цел да се запре ширењето на Ковид-19, забрани собири на повеќе од две лица, ги затвори сите продавници освен прехранбените и им дозволи на рестораните да обезбедуваат само услуги за носење или испорака.

Основните училишта преминуваат на онлајн настава, како и средношколците кои учат од своите домови од почетокот на март, пишува „Гардијан“.

Оваа балтичка земја со 1,3 милиони жители се бори со втората највисока стапка на инфекција по глава на жител во Европската унија, по Чешка.

Властите соопштија дека во последните две недели биле регистрирани 1.336 случаи на 100.000 жители, двојно повеќе од пред еден месец.

Новите мерки ќе бидат на сила до 11 април.

Најновите податоци покажуваат дека во Естонија поагресивната варијанта на британскиот вирус се шири побрзо отколку што се очекувало.

– Нашиот здравствен систем е во криза, рече премиерот Каја Калас, додавајќи дека тоа е единствениот начин за справување со кризата.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски