Една доза „Фајзер“ нуди сериозна заштита 11 дена по вакцинирањето, покажува нова студија

Од:

Со една доза од вакцината Фајзер се постигнува речиси целосна ефикасност околу 11 дена по инјектирањето, па со тек на време може да се покаже дека втората доза не е ни потребна, покажа студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн.

– Ова е вест што може да донесе оптимизам. Ефикасноста на мРНА вакцините против Ковид започнува на 11-тиот ден од примањето. Ова отвора можност за добивање заштита во краток временски рок, пренесува порталот Медриксив, страница во сопственост на непрофитната организација Колд Спринг Харбор лаборатории.

Во текстот се вели дека нема забележителен напредок во давањето на втората доза по три или четири недели, што само укажува на јачината на првата доза (барем во краткорочни услови кога се ограничени залихите) и им овозможува на здравствените служби поголема флексибилност кога станува збор за втората доза, доколку се утврди дека е неопходна.

Угледниот Форбс го цитира списанието Њу Ингланд медисин Џурнал, во кој се наведува студија дека луѓето кои ја примиле втората доза покажале силен имунолошки одговор на новите варијанти на коронавирус, а одговорот бил помал единствено во однос на јужноафриканската мутација.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД