Мадридските пожарникари денеска беа повикани на необична задача – да извлечат магаре заглавено во жици и грмушки во селото Ел Боало во близина на шпанската престолнина, на падините на планината Гвадарама.
Сопственикот на несреќната магарица по име Оливија ги повикал итните служби откако не можел да го ослободи животното, кое било исцрпено од неколкучасовните обиди да се извлече.
Снимките кои ги објавија Итните служби на општина Мадрид покажуваат како течеше операцијата за ослободување на Оливија:
Напомош бил повикан хеликоптер на Горската спасителна служба, со кој магарицата, висејќи на крајот на долга сајла, била пренесена преку планината.
Оливија била под лесно дејство на средства за смирување за време на стресниот лет, соопштија ветеринарите, кои додаваат дека магарицата реагира добро на одредената терапија.