Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ постигна гол од пенал во 92. минута од холандското дерби и му донесе на Ајакс реми 1-1 и бод против ПСВ.
По и пред пеналот Тадиќ влезе во жестока пресметка со дел од играчите на ПСВ. Се спречка со дефанзивецот Дензел Дамфрис кој го направи пеналот, а беше обвинет и дека пцуел и навредувал. Тој по натпреварот ги негираше овие тврдења.
Tadic gets a coin to his head from PSV fans after he called Dumfries' mom out ? pic.twitter.com/Fmmz9PLib3
— souf ?? (@soufiane040_) February 28, 2021
При излегувањето од стадионот Тадиќ со пресретнаа навивачите на ПСВ кои се обидоа да ја прескокнат оградата за да се пресметаат со него. Го погодија со метална паричка. Реагираше обезбедувањето кое го спроведе Тадиќ во клупскиот автобус.