Уште две лица обвинети за убиството на новинарката од Малта

Од:

Шефот на малтешката полиција Анџело Гафа, по апсењето на уште две лица, потврди дека досега биле приведени сите лица кои на кој било начин биле вмешани во убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година, пренесува „Гардијан“.

Весникот наведува дека комесарот Гафа, пред рочиштето на обвинетите Роберт Агиус и Џејми Вела во судот на Малта, изјави дека тие набавиле бомба од чија експлозија загина новинарката Каруана Галиција.

Тие и се познати на полицијата по поврзаноста со организираниот криминал.

Британскиот весник наведува дека досега седум мажи или признале или биле обвинети за соучество во убиството на Каруана Галиција, меѓу нив и мултимилионерот и бизнисмен Јорген Фенеш, кој во притвор ја чека одлуката и се изјасни дека не е виновен за поттикнување убиство.

Еден од осомничените, Винс Мускат во понеделникот ја смени изјавата, откако прво негираше вмешаност во убиството, а потоа призна.

Новинарката Дафне Каруана Галиција беше убиена во октомври 2017 година во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил. Каруана Галиција имаше свој блог на кој објавуваше извештаи за корупција, а пишуваше и за поврзаноста на владата со припадници на малтешкото подземје.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски