МБА ги повикува правните лица, клиенти на банките, да извршат упис во регистарот за вистински сопственици

Од:

Македонската банкарска асоцијација ги повикува сите правни лица – клиенти на деловните банки и штедилници кои подлежат на обврската за запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици, да го извршат пријавувањето во Регистарот во законски предвидениот рок до 27 април 2021 година, со цел понатамошно непречено извршување на платниот промет и воспоставените деловни односи.

Регистарот на вистински сопственици, кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Северна Македонија, започна да функционира на 27 јануари 2021 година со што тече рокот од 90 дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.

Запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици,како што наведуваат од Македонската банкарска асоцијација, се врши електронски во Централниот регистар на Северна Македонија (https://www.crm.com.mk).

-Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, сите правни лица кои се предмет на упис во Централниот Регистар на Република Северна Македонија имаат обврска до 27.04.2021 година да извршат запишување на податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици, додека правните лица основани (регистирани) по 27.01.2021 година имаат обврска во рок од 8 (осум) дена од уписот на основањето на деловниот субјект да извршат запишување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици, појаснуваат од МБА.

Обврската за внесување податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици не се однесува на трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост, правни лица во постапка на стечај и ликвидација, самостојни вршители на дејност како и правните лица чии акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност и кои се обврзани да се усогласат со условот за објавување на податоците за вистинските сопственици со што се обезбедува соодветна транспарентност на информации за сопственост согласно релевантните меѓународни стандарди.

Од МБА истакнуваат дека од 28 април 2021 година, банките имаат обврска за сите клиенти – правни лица, да ги проверат податоците за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици и да обезбедат доказ дека е извршен соодветен упис во Регистарот на вистински сопственик.

-Доколку клиентот – правно лице во предвидените рокови не изврши запишување на вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици или податоците во Регистарот нема да бидат ажурирани согласно законските рокови, работењето со сметките ќе му биде оневозможено/одложено, се додека не ги запише/ажурира потребните податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот, стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ