Фејсбук ја отстрани страницата на вооружените сили на Мјанмар

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук ја избриша страницата на вооружените сили на Мјанмар според правилата што забрануваат поттикнување насилство.

Страницата „Вистински вести“ на вооружените сили во Мјанмар е отстранета поради „повеќекратно кршење на правилата за забрана за поттикнување насилство“, изјави портпаролот на Фејсбук.

Засега нема коментар од вооружените сили.

Двајца демонстранти кои протестираа против воената хунта во Мјанмар беа убиени вчера во градот Мандалај.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс на Твитер објави дека Вашингтон е „длабоко загрижен“ од информациите дека безбедносните сили пукале врз демонстрантите. „Ние стоиме покрај народот на Мјанмар“, наведе тој.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска