Американец излегол од затвор по 68 години, воодушевен од зградите

Од:

Американецот Џозеф Лaјгон (83), бил осуден на затвор како малолетник и мина 68 години зад решетки. Тој сега скоро беше ослободен, а една од првите работи што ги забележа беа високите згради коишто ги немало во Филаделфија во 1953 година.

Лајгон имал само 15 години кога бил осуден на доживотен затвор за учество во вооружени грабежи и напади со група пијани тинејџери кои убиле две лица во 1953 година. Тврдел дека самиот тој лично не убил никого, но добил доживотна казна затвор. Казната потоа му е намалена и, речиси седум десетлетија подоцна, од 11 февруари годинава, Лајгон е слободен човек, откако неговиот адвокат го убеди судот дека доживотната казна затвор е неуставна.

Прифатилиштето за осудени малолетници и нивно враќање во општеството во Филаделфија (ЈСРП) има задача да го направи животот по затворот што е можно понормален.

– Светот се има променетоо откако Лајгон почнал да ја издржува казната. Но, и тој се смени – сега е целосно нов човек. Тој е многу среќен и ентузијаст за промените во Филаделфија од 1953 година. Особено им се восхитува на облакодерите. Тој, исто така, зборуваше за своите сакани – оние, кои не се повеќе меѓу живите, се чини, најмногу му недостасуваат, рече Еленор Мајерс, една од советниците во Прифатилиштето.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ