Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека луѓето ќе мора да носат маски уште неколку месеци за да го избегнат коронавирусот додека трае вакцинацијата.
Фаучи за телевизијата Еј-Би-СИ изјави дека откако ќе се вакцинираат од 75 до 80 проценти од населението, нивото на вирусот во заедницата може да се намали, по што некои строги мерки за јавно здравје ќе можат да се олеснат.
Сепак, епидемиологот додаде дека секое релаксирање на безбедносните мерки треба да се направи „претпазливо и постепено“.
Тој посочи дека САД договориле 600 милиони дози вакцина, што е доволно за сите да бидат вакцинирани со две дози до јули.