Во Краков, снежните улици се посипуваат со кафе наместо со сол

Од:

Жителите на Краков, живописната средновековна престолнина на Полска, се разбудија со мирис на кафе, но не од своите филџани, туку од улиците, бидејќи тамошната служба одлучи да ги попрска снежните површини со кафе, наместо со сол.

Одделот за одржување паркови и зеленило појасни дека кафето е корисно за животната средина, а истовремено е и поевтино од солта. Оваа одлука воодушеви многумина од жителите и многу кафулиња се согласија да го фрлаат остатокот кафе на улица, наместо во ѓубре. За таа цел се користи главно – талогот од испиено кафе.

Властите, исто така, се надеваат дека ќе ги охрабрат жителите да купуваат повеќе кафе и да им помогнат на угостителите „во овие тешки времиња на пандемија“ на коронавирусот. На својата интернет-страница, Одделот наведува друга добра причина во корист на кафето: тоа било безопасно за кучињата, наспроти солта која им ги нагризува шепите.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ