Доаѓа ли крајот на атомската енергетика?

Од:

Дојче Веле, Бон

Во моментов во 32 земји во светот има 413 нуклеарни реактори, но, според извештајот на Светската нуклеарна индустрија, во 2019 година нуклеарната енергија опфаќаше само 10 проценти од светските потреби за електрична енергија. Ова учество беше највисоко во 1996 година, кога изнесуваше 17,5 проценти.

Повеќето реактори се изградени во Европа, САД, поранешниот Советски сојуз и Јапонија во перидотот меѓу 1968 и 1986 година. Нивната просечна старост е 31 година.

Најмногу нуклеарни реактори има во САД

САД се лидери по бројот на реактори што работат – 94, што пополнуваат 20 проценти од потребите за електрична енергија во оваа земја. Повеќето реактори беа ставени во функција пред 1985 година и само еден во последните 20 години. Во 2013 година почна изградбата на два нови реактори. Тие доцнат, но треба да бидат оперативни во следните неколку години.

Неизвесна е иднината на нуклеарната енергија во САД. Иако се развиени концепти за новите генерации на реактори, прашањето е дали тие еден ден ќе можат да произведуваат електрична енергија исто толку профитабилно како и обновливите извори. Во САД нема складиште за високо радиоактивниот отпад, па пој се чува во електраните.

Русија гради надвор од земјата

Во Русија во моментов работат 38 нуклеарни реактори. До 2019 година тие покриваа околу 20 проценти од потребите за електрична енергија. Во последните десет години во употреба се пуштени десет нови реактори. Од 2018 и 2019 година во фаза на изградба се уште две енергетски единици и тие треба да бидат готови во следните неколку години. Просечната старост на реакторите е 28 години.

Русија, меѓутоа, веќе не сака да ја субвенционира изградбата на нуклеарни централи на своја територија – државната компанија „Росатом“ и сака да профитира најмногу со градење реактори во странство. Според Светската нуклеарна индустрија (ВНИСР), во моментов се градат десет руски реактори во странство – по два во Бангладеш, Индија, Турција и Словачка, по еден во Иран и Белорусија.

И Русија нема складиште за високо радиоактивен отпад, па затоа земјата е сериозно критикувана за недостаток на транспарентност во врска со нуклеарниот отпад.

Обновливата енергија добива на интензитет

Иако во Индија работат 21 реактор, тие обезбедуваат само три проценти од електричната енергија во земјата. Во моментов се во изградба уште шест единици, а се очекува до 2027 година вкупниот капацитет на нуклеарните централи да се зголеми од пет на 30 гигавати.

Кина ја предводи листата на земји што во последните години имаат изградено повеќе нови реактори. Само во последните децении Кина во својата електродистрибутивна мрежа има приклучено 37 реактори. Други 17 се во фаза на изградба. Кина, меѓутоа, се повеќе се потпира на обновлива енергија за сметка на нуклеарната енергија.

Франција е заглавена во долгови

Франција повеќе се потпира на нуклеарната енергија од која било друга земја во Европа. До 2019 година дури 71 процент од потрошувачката на електрична енергија ја пополнуваше од нуклеарните централи во земјата, од кои во моментов се активни 56. Најголемиот производител на нуклеарна електрична енергија во светот, државната ЕДФ, меѓутоа, има обврски од 42 милијарди евра. И до 2030 година мора да инвестира околу 100 милијарди долари за одржување на старите реактори. Дали во наредните години ќе работат дополнителни нуклеарни единици во Франција? Прашањето ќе се реши по претседателските избори во 2022 година.

Полска го планираше своето произведство на нуклеарна енергија уште од 1980 година, кога почна изградбата на два реактори, што беше запрена по нуклеарната несреќа во Чернобил во 1986 година. Потоа се повторуваат обидите за рестартирање на проектот, во 2014 година владата усвои план за изградба на нови реактори. Првиот треба да биде поврзан со мрежата до 2024 година, но досега нема инвеститор кој ќе сака да произведува електрична енергија преку скапа нуклеарна технологија.

Би можело да ве интересира

Јапонија најави враќање кон нуклеарната енергија

А1он

Германската влада постигна договор за продолжување на работата на нуклеарните централи до пролет

Јужна Кореја потпиша договор од 2,25 милијарди долари со руска нуклеарна компанија

А1он

Јапонија планира да го заживее нуклеарниот сектор

А1он

Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна

Скен : Ќе ѕвечат нуклеарки во Европа – ни тропа ли трета светска војна на врата?

Анита Петровска Рајковиќ