Јапонија најави враќање кон нуклеарната енергија

Од:

Јапонија денеска најави враќање на користењето на нуклеарната енергија во услови на енергетска криза, повеќе од една деценија откако катастрофата во централата Фукушима во 2011 година го принуди Токио да ги затвори повеќето од своите реактори.

Јапонското јавно мислење се сврте против нуклеарната енергија откако силниот земјотрес и цунами ја предизвикаа несреќата во нуклеарната централа Фукушима, но расположението се промени поради порастот на трошоците за енергија.

Јапонија, подложна на земјотреси, претходно немаше планови за изградба на нови реактори, но сега има намера да ги замени оние што излегле од функција и да го продолжи животот на другите, објави Министерството за индустрија.

Пресвртот во енергетската политика доаѓа откако премиерот Фумио Кишида во август објави дека Јапонија ќе размисли за развој на реактори од следната генерација.

Потоа Министерството за индустрија доби налог да изработи план за проширување на користењето на нуклеарната енергија до крајот на годинава.

Владите ширум Европа и Азија, исто така, го продолжуваат животот на нивните застарени нуклеарни централи, ги рестартираат реакторите и ја бришат прашината од претходно планираните проекти напуштени по катастрофата во Фукушима.

Според стратешкиот енергетски план одобрен од владата минатата година, Јапонија имаше за цел да ја намали зависноста од нуклеарната енергија што е можно повеќе.

Новата насока на Министерството за индустрија ќе им овозможи на постоечките нуклеарни реактори да работат над сегашната граница од 60 години, како и да го поддржи развојот на нови.

Претставник на Министерството за индустрија изјави дека дополнителни детали ќе бидат разгледани во парламентот следната година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија