Јужна Кореја потпиша договор од 2,25 милијарди долари со руска нуклеарна компанија

Од:

Јужна Кореја денеска соопшти дека потпишала договор во вредост од 2,25 милијарди долари, со руската државна компанија за нуклеарна енергија АСЕ, со цел обезбедување компоненти за прва нуклеарна електрана во Египет.

Како што појасни Владата во Сеул, договорот со АСЕ предвидува јужнокорејската државна компанија за хидроенергија и нуклеарна енергија да обезбеди опрема за турбини и за работа на изградба на нуклеарна електрана во Ел Даба, околу 130 километри северозападно од Каиро, на брегот на Средоземното Море.

АСЕ е дел од рускиот државен нуклеарен конгломерат Росатом.

Близок соработник на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, истакна дека преговорите се движат побавно поради „неочекувани варијабли“, пред сè војната на Русија против Украина и санкциите против Москва поради инвазијата.

Секретарот за економски прашања на Јун, Чои Санг-мок тврди дека Јужна Кореја претходно му дала објаснување на својот сојузник Вашингтон, за плановите за учество во проект за изградба на електрана во Ел Даба. Според него, САД ќе одржат блиски консултации во врска со проектот.

Тој додаде оти не постои можност, технологијата што Јужна Кореја ќе ја испорачува за проектот, да претставува кршење на меѓународните санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина