ВИДЕО: Роналдо и Георгина под полициска истрага, славеле роденден во област забранета за посета

Од:

Италијанската полиција истражува потенцијално кршење на здравствените ковид протоколи од страна на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој заедно со девојката Георгина Родригез го посетил ризичниот регион Вале д’Аоста, на северозападот на Италија.

Локалната полиција, како што јави италијанската агенција АНСА, потврдила дека во тек е истрага за дводневниот престој на Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез, во вторникот и средата, во алпското гратче Курмајер, близу границата со Франција.

Како доказ се наведуваат видеоснимките на кои се гледа како Роналдо и Георгина седат на моторни санки, прославувајќи го 27-от роденден на Родригез. Од нивниот престој во зимскиот центар „протече“ и снимка на која се гледа како се опуштаат голи во базен со топла вода на отворено.

Во Италија на сила е забрана за патување во регионите кои се во „портокалова зона“ поради епидемијата на коронавирус, што ги вклучува и областите Пиемонт и Вале д’Аоста.

Доколку се докаже дека Роналдо патувал во ризичниот регион го очекува висока парична казна, наведува италијанската агенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски