Фабриката на „Фајзер“ во Белгија се врати на нормално производство на вакцината

Од:

По привременото одложување на производството на вакцини, фабриката „Фајзер“ во белгискиот град Пурс го врати распоредот на испораки до коминтентите во нормала, соопшти денеска компанијата.

Како што оттаму наведуваат, минатата недела и на почетокот на оваа биле испорачани само осум проценти помалку дози од договорените, пренесе весникот „Ле Соар“.

-Како што претходно кажавме, се вративме во нормалниот ритам на планирано производство. Влијанието е минимално и испорачавме осум отсто помалку дози отколку што првично планиравме, изјави портпаролката на „Фајзер“, Мари Лиза Верслден

„Фајзер“ на 15 јануари соопшти дека привремено за Европа ќе доставува помалку дози вакцини против коронавирус, поради промените во производствениот процес во својата фабрика во Пурс.

Ова доцнење требаше да има ограничен ефект само за периодот од 18 до 25 јануари.

Многу европски земји најавија тужби против американската компанија поради одложувањата, бидејќи им е нарушен планот за вакцинирање на населението.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД