Граѓански организации ја поддржуваат концепцијата за реформи во образованието

Од:

Претставници на граѓански организации денеска имаа средба со министерката за образование и наука Мила Царовска за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образивание.

Царовска по средбата изјави дека имаат недвосмислена поддршка од граѓанскиот сектор зашто, како што рече, концепцијата предвидува конечно ориентирање кон граѓанските вредности кои се и европски вредности и се базира на родова рамноправност, мултикултурализам и инклузивност.

– Граѓанските организации се гледа дека детаљно ја прочитале, дадоа и коментари како да се вклучат во имплементација, да учествуваат и во подготовка на наставните програми, со цел овие вредности да бидат позиционирани подеднакво во сите наставни програми, рече Царовска по средбата.

Ирена Цветковиќ од Колаиција „Маргини“ изјави дека нивната сфера на работа е образование од аспект на родова рамноправност, недискриминација и ненасилство и смета дека досега училиштата се небзезбедни за многу млади луѓе.

– Воспитната компонента е многу важна. Според Светска банка, околу 1000 часови во годината ученикот поминува во училиште и затоа тоа треба да е безбедна средина, за да се обезбеди развој на севкупниот потенцијал на секое дете. Важно е и градењето демократски капацитети и ставови кај младите. Конечно, концепцијата ги става овие вредности во основата. Ќе ја следиме имплементацијата зашто за нас е важно овие реформи реално да заживеат, рече Цветковиќ.

Бранимир Јовановски од „Мобилност Македонија“ рече дека е за поздравување новата концепција, особено за лицата со инвалидност, посочувајќи дека и со Конвенцијата на ОН треба да бидат консултирани луѓето со попречености. Образованието, рече тој, е висок приоритет за овие лица за да дојдат до полесно вработување и егзистенција на своето семејство.

– Од лица кои се издржуваат од државата да бидат лица кои сами ќе придонесуваат за својата егзистенција и за добробит на целото општество, истакна Јовановски.

Тој посочи дека за инклузивно образование, пред се, е важна пристапноста до објектите – рампи и лифтови, и адевкватни санитарни јазли, асистивна технологија, материјали на Брајово писмо, асистенти во наставата, толкувачи што го знат говорниот јазик за децата со оштетен слух и полесни материјали за лица со попреченост во интелектуалниот развој.

– Добивме информација дека МОН не само декларативно, туку и реално ќе остварува, а ние сме отворени за соработка, додаде Јовановски.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет изјави дека голем дел од концеоцијата се совпаѓа со принципите и вредностите за кои, како што рече, се залагаат и граѓанските организации. Хелсиншкиот комитет, според неа, не е фокусиран стриктно на образованието, туку за работа со млади луѓе и човекови права, за што организираат и школи.

– Во нашето општество фали пристап што ќе овозможи меѓуетничка интеракција. Тоа е видливо во оваа концепција и важно е што пристапот за развивање на интеракцијата е сличен на пристапот што ние со години го препорачуваме. Младите да се запознаваат, да ги запознаваат карактерстиките на етничките заедници. Тоа недостигаше, рече Пировска.

Според Споменка Лазаревска, програмски директор на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), концепоцијата нуди современ пристап во наставата и учење базирано на резултати од учење, компетенции, што секој ученик треба да ги стекне до крајот на основното образование.

– Тоа ќе го намали фактографското учење, а ќе го поттикнува критичкото и анаитичкото мислење, ќе ја зајакне воспитната компонента која беше запоставена, рече Лазаревска, посочувајчи и дека концепцијата е флексибилна и дава избор на содржини и предмети. Според неа, најважно е учениците да се научат како самостојно да учат, што е особено потребно сега кога учат од дома.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Историја, географија, биологија, хемија и физика повторно ќе се учат посебно, запрен е конкурсот за учебници за основно

Катерина Ѓуровски

Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади и за први три места на меѓународни натпревари по математика и природни науки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024