МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година

Од:

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година.

МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение.

-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11). Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението, наведува МОН во објавата во која се наведени имиња на ученици добитници на некоја од седумте категории стипендии наменети за средношколци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Објавени се резултатите за социјалните стипендии и за запишаните во дуалните паралелки

Горан Наумовски