Роналдиња и Фараис пристигнаа во Тетово

Од:

Во Тетово пристигнаа двете двете Бразилки кои се најнови засилувања на женскиот фудбалски клуб Љуботен за пролетниот дел од првенството. Претседателот на клубот Ивица Богдановски и потпретседателот Драгољуб Јовановски ноќеска ги пречекаа на аеродром фудбалерките Таила Гомерс Фариас и Ана Бетриз Тарантино Гуилермо Салино или со прекар Роналдиња.

– Бразилките стигнаа ноќеска во 2 часот на аеродоромот во Скопје по што се сместија во Тетово. На 25 јанари во понеделник ќе има официјално претставување, запознавање со сите други во екипата и почеток со тренинзите, изјави Ивица Богдановски, претседател на Љуботен.

Во Тетово утринава од Босна и Херцеговина пристигна и Сенада Муратовиќ, една од вкупното седумте нови имиња во клубот. Тетовскиот клуб во зимскиот преоден рок се договори во Љуботен да настапуваат голманката Магдалена Лековска, потоа Соња Митревска, Анѓела Миловановиќ од Србија како и Хореила Сореле од Камерун.

Од декември Љуботен го назначи Небојша Бреѓан од Србија за нов спортски директор со најава дека ќе се носат звучни имиња кои се очекуваат да го засилат тимот за пролетниот дел.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург