Коронавирусот беше првично откриен во Вухан во декември во 2019 година. Вурусот се прошири низ целиот свет, предизвика стравична пандемија која речиси ја блокираше планетата. Сега светот е во фаза на вакацинација, но научниците и натаму го истражуваат коронавирусот.
Стручњаците утврдиле дека три четвртини од луѓето кои биле хоспитализирани поради Ковид-19 и по шест месеци чувствуваат дел од симптомите.
Студијата е направена во Вухан, а објавена во стручниот магазин „The Lancet“. Во неа учествувале 1733 пациенти отпуштени од болница во Вухан. Анализата е направена од јануари до мај минатата година.
Научниците објаснуваат дека најчестите симптоми кои пациентите ги пријавиле и по шест месеци се замор, слабост во мускулите и проблеми со спиењето.
Дури 76 проценти од учесниците во анкетата пријавиле дека по прележувањето на коронавирусот и натаму имаат дел од симптомите. 63 проценти пријавиле дека чувствуваат замор и мускулна слабост, а 26 посто рекле дека имаат проблеми со спиењето.
„Со оглед на тоа што ковид е нова болест дури сега почнуваме да сфакаме некои од долготрајните последици по здравјето на пациентите“ – вели професрот Бин Цао од Националниот центар за респираторна медицина, еден од истражувачите во студијата.
Тој објаснува дека со истражувањето е нагласена потребата за долготрајна нега на пациентите по излегувањето од болница, особено на оние кои боледувале од тежок облик на инфекцијата.