СЗО бара од Кина точни и реални податоци за заразени со коронавирусот

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) бара од Кина да обезбеди точни и реални податоци во вистинска временска рамка за епидемиолошката состојба во земјата со оглед на наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус и болни од Ковид-19.

Претставници на СЗО вчера се сретнаа со претставници на кинеската Национална здравствена комисија и Националната администрација за контрола и превенција на болести, од кои побараа „дополнителни информации за ситуацијата и понудија експертиза со дополнителна поддршка“.

– СЗО ја истакна важноста од мониторинг и навремено објавување на податоци за да ѝ се помогне на Кина и на глобалната заедница да формираат точна проценка на ризикот и да спроведат ефикасни одговори“, соопшти организацијата со седиште во Женева.

Ненадејното зголемување на бројот на луѓе заразени со коронавирус во Кина доведе до тоа многу влади да воведат дополнителни барања што кинеските туристи мора да ги исполнат по пристигнувањето во одредени земји. Само во првите три недели од декември, 248 милиони луѓе од Кина биле заразени, според непотврдени внатрешни проценки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО до Американците: На која основа тврдите дека коронавирусот дошол од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

Извршниот директор на фондацијата Гејтс најави најголем годишен буџет досега

А1он

На 27 јануари седница на СЗО за оправданоста на вонредната здравствена ситуација поради Ковид-19

А1он

СЗО: Порастот на заразени во Кина не би требало да има поголемо влијание врз Европа

А1он

Сè повеќе земји воведуваат ограничувања за патниците од Кина поради корона вирусот