Скандал во Србија: Познат професор по глума осомничен за силување

Од:

Мирослав Мика Алексиќ познатиот сопственик на училиште за глума доцна синоќа е приведен поради тоа што повеќе девојки го пријавиле за силување и за сексуално злоставување.

Глумицата Милена Радуловиќ во исповед за еден дневен весник ја раскажа приказната за тоа како Алексиќ ја силувал додека била малолетна. Силувањето според неа се повторувало повеќе пати.

Медиумите во Србија тврдат дека пријава за Алексиќ поднеле повеќе девојки, неколку од нив биле и повикани да сведочат за непријатностите низ кои минувале.

Мирослав Мика Алексиќ е познат режисер кој повеќе децении го има училиштето за глума „Работа на срцето“.

Низ неговото училиште минале серија познати српски актери како Никола Ѓуричко, Никола Којо, Катарина Радивојевиќ и многу други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Ана Василевска

Во Хрватска зголемен бројот на случаи на сексуално вознемирување

Ана Ололовска

Алексиќ ги снимал жртвите, им кажувал дека така се вежбаат еротски сцени

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Me силуваше додека децата беа покрај нас: Потресно сведочење на српската актерка за ужасот што го преживеала

Ана Ололовска

И хрватската актерка Дора Липовчан проговори за траумите: Ме силуваа уште кога бев дете

Жарко Настоски

Се огласи и познатата актерка Бранка Катиќ: Добро се сеќавам на Мирослав Алексиќ, тој беше и ментален насилник

Жарко Настоски