Алексиќ ги снимал жртвите, им кажувал дека така се вежбаат еротски сцени

Од:

Повеќе жртви меѓу триесетината жени и девојки кои го обвинуваат српскиот режисер и учител по глума Мирослав Алексиќ за сексуално злоставување и силување, на полицијата ѝ изјавиле дека напаѓачот ги затворал во канцеларија, вклучувал камера и им велел дека насилниот чин е всушност вежба за снимање еротски сцени, без кои не можат да се пробијат во светот на филмот.

Според исказите на жртвите кои ги пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, Алексиќ ги терал девојчињата и да се гледаат на екран додека ги силувал, убедувајќи ги младите ученички дека на тој начин „го вежбаат кадарот“ за еротските сцени што ќе мораат да ги снимаат во својата актерска кариера.

Кога ќе завршел, учителот по глума имал своевиден ритуал во кој ги „благословувал“ жртвите, велејќи им: „Сега се соединивте со Бога“.

Мирослав Алексиќ дава интервју за српскиот јавен сервис РТС во 2018 година

„Сведоштвата на тие девојки, кои сите биле малолетни во времето кога се злоставувани и силувани, ги шокираа инспекторите. Исказите на девојките се речиси идентични, што укажува на тоа дека Алексиќ го користел истите методи за да манипулира со ученичките и ги терал на секс и блудни дејствија. Тие раскажуваат дека Мика ги заклучувал во својата канцеларија, во која имало камера и монитор. Професорот потоа им наредувал да се соблечат голи и ги убедувал дека ќе ги научи на посебни вештини во снимањето на еротски сцени, за нивните тела на екранот да изгледаат како уметнички дела,“ вели извор од истрагата за српскиот сајт „Информер“.

Според изворот, Алексиќ ги поставувал девојките пред камерата, па им објаснувал од кој агол да ги снимаат градите, притоа допирајќи ги.

„Алексиќ ги бакнувал и ги лижел по телото, цело време убедувајќи ги ученичките да се фокусираат на кадарот и на камерата. Со таквата манипулација всушност им го оттргнувал вниманието и некои од нив не биле ни свесни дека биле злоупотребени и сексуално злоставувани. Тие биле убедени дека професорот им ги открива тајните на актерскиот занает,“ вели изворот и додава дека Алексиќ, според она што може да се заклучи, не ги чувал снимките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Ана Василевска

Во Хрватска зголемен бројот на случаи на сексуално вознемирување

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Me силуваше додека децата беа покрај нас: Потресно сведочење на српската актерка за ужасот што го преживеала

Ана Ололовска

И хрватската актерка Дора Липовчан проговори за траумите: Ме силуваа уште кога бев дете

Жарко Настоски

Се огласи и познатата актерка Бранка Катиќ: Добро се сеќавам на Мирослав Алексиќ, тој беше и ментален насилник

Жарко Настоски

Скандал во Србија: Познат професор по глума осомничен за силување

Катерина Павлова-Николовска