Се огласи и познатата актерка Бранка Катиќ: Добро се сеќавам на Мирослав Алексиќ, тој беше и ментален насилник

Од:

Познатата српска актерка Бранка Катиќ, која последниве децении живее во Лондон и гради телевизиска кариера, се огласи по повод скандалот со школата за глума на познатиот педагог Мирослав Алексиќ, кого повеќе некогашни ученички го обвинија за силување и сексуално малтретирање што траело со години.

Катиќ им порача на помладите колешки кои истапија во јавноста да бидат храбри и откри какво било нејзиното искуство со Алексиќ, кој е уапсен и доби 30 дена притвор, откако по исказите на девојките, беше осомничен за силување и недозволени полови дејствија.

„Жал ми е поради сето тоа што го поминале и им се восхитувам затоа што не дозволиле тоа духовно и ментално да ги уништи. Како член на Младинското драмско студио што го водеше Мика Алексиќ, знам за каква ментална злоупотреба се работи. Не поминуваше ниту еден час да не ме праќа на миење, ми зборуваше дека сум глупава, а имавме и една епизода, во која поради тоа што играв со бендот „Забрањено пушење“, во „Хитот на месецот“, што беше дел од стекнувањето на работно искуство, пракса од средното училиште, ми направи сцена пред сите – ме праша дали е во ред тоа што „девојче од 15 години се пробива со ци*ките низ светот“…“, раскажува Бранка Катиќ.

„Јас бев само две години во групата, а членка станав откако добив улога во филмот „Не е лесно со мажите“. Го сакав дружењето на нас соучениците, но морам да признаам дека никогаш не се чувствував сосема пријатно на часовите, затоа што секогаш бев мета за неговите груби вербални забелешки. Често и ќе ме расплачеше, а еднаш ги замоли сите останати да излезат, за потоа да им објасни дека сето тоа го прави затоа што ме сака… Тоа беше се, тој никогаш физички не ме загрози,“ изјави Катиќ за Нова.рс.

„Многу години подоцна, Мирослав Алексиќ и натаму е некој на чие однесување се сеќавам како ментално насилство. Се надевам дека надлежните ќе ги утврдат сите неопходни детали за сето она што се случувало и дека правдата ќе биде задоволена. Уште еднаш испраќам голема поддршка, восхит и љубов за моите исклучителни млади колешки. Направивте огромен исчекор во спречувањето на понатамошно насилство кон децата и жените и за тоа сум ви бескрајно благодарна. Нека среќата ги следи храбрите,“ вели актерката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Ана Василевска

Во Хрватска зголемен бројот на случаи на сексуално вознемирување

Ана Ололовска

Алексиќ ги снимал жртвите, им кажувал дека така се вежбаат еротски сцени

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Me силуваше додека децата беа покрај нас: Потресно сведочење на српската актерка за ужасот што го преживеала

Ана Ололовска

И хрватската актерка Дора Липовчан проговори за траумите: Ме силуваа уште кога бев дете

Жарко Настоски

Скандал во Србија: Познат професор по глума осомничен за силување

Катерина Павлова-Николовска