(ВИДЕО) Me силуваше додека децата беа покрај нас: Потресно сведочење на српската актерка за ужасот што го преживеала

Од:

24-годишната актерка Милена Радуловиќ, жртва на сопственикот на актерското училиште 69-годишниот Мирослав Мика Алексиќ, кој е осомничен дека ја силувал и сексуално ја вознемирувал, но и уште пет други девојчиња кои биле негови ученици, зборуваше пет часа во Вишото обвинителство во Белград за ужасната сексуална злоупотреба низ која минувала.

Како што неофицијално дознаваат белградските медиуми, девојката која прва го пријави познатиот режисер, до најситни детали се присетила на ужасот низ кој поминувала, а на моменти, додека зборувала за болните настани, плачела.

– Милена Радуловиќ зборуваше детално, јасно, конкретно и многу прецизно за болните спомени. Таа рече дека започнала во училиштето за глума, кое било познато, кога имала 11 години. Шест години подоцна, во октомври 2012 година, за прв пат, од човекот што им ги држел часовите, ги учел на однесување и бил авторитет, го доживеа она што не можеше ни да го замисли, да биде сексуално злоупотребена, открива изворот на српски „Курир“.

За време на сведочењето, според изворот, актерката објаснила дека сите ученици на Алексиќ трпеле навреди и прекори, изјавувајќи дека тој бил строг и суров, но таа не оспорила дека тој ги учел и на добри навики на училиште, да читаат и да ја почитуваат религијата. Според неа, групата на Алексиќ било нејзиното второ семејство, во кое го доживеала најлошиот кошмар.

– Таа во најситни детали раскажа како Алексиќ ја бакнал за прв пат, во октомври 2012 година, додека била на групен час, без нејзина согласност. Била во шок, но не знаела како да реагира, бидејќи тој тоа го оправдал со својот педагошки став и фактот дека ја подготвувал за работата на актерка и за тоа што ја чека. Во следните неколку месеци, до мај 2012 година, под истиот изговор, тој и ги допирал гениталиите и ја силувал. Според сведочењето на девојката, во јуни 2013 година, од страв да не проговори, го напуштила училиштето – вели изворот.

Тогаш тоа беше голем шок за неа, но беше јасно дека нема храброст да разговара за тоа што и се случуваше низ годините со никого, па дури и со нејзините родители, тешко и е да разговара и денес. Говорејќи за годините во кои трпела злоупотреба од професорот, таа рекла дека била засрамена и исплашена и дека тој бил свесен за тоа и дека веројатно не запрел токму поради тоа, туку продолжил да ја злоупотребува се додека не го напуштила училиштето, кажува изворот за српскиот медиум.

Според српски „Информер“, актерката во обвинителството открила дека била малтретирана додека децата биле покрај нив.

– Мика Алексиќ манипулираше со мене, ми всади чувство на вина, се чувствував ужасно затоа што имаше толпа деца токму таму, во соседната соба, ја наведува „Информер“ нејзината изјава во обвинителството.

Изворот додава дека, иако била видно потресена на сослушувањето, Милена без двоумење одговарала на прашањата.

– Милена и денес зборуваше храбро и трпеливо – открива изворот.

Актерката, придружувана од адвокатите Денис Беќириќ и Југослав Тинтор, се појави во Палатата на правдата нешто пред 11 часот. Неколку часа подоцна, додека таа сè уште сведочеше во обвинителството, нејзините родители дојдоа пред зградата. Само што излезе, нешто по 16 часот, нејзиниот татко ја прегрна и тие заминаа, објавуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Ана Василевска

Во Хрватска зголемен бројот на случаи на сексуално вознемирување

Ана Ололовска

Алексиќ ги снимал жртвите, им кажувал дека така се вежбаат еротски сцени

Жарко Настоски

И хрватската актерка Дора Липовчан проговори за траумите: Ме силуваа уште кога бев дете

Жарко Настоски

Се огласи и познатата актерка Бранка Катиќ: Добро се сеќавам на Мирослав Алексиќ, тој беше и ментален насилник

Жарко Настоски

Скандал во Србија: Познат професор по глума осомничен за силување

Катерина Ѓуровски