И хрватската актерка Дора Липовчан проговори за траумите: Ме силуваа уште кога бев дете

Од:

Хрватската театарска и филмска актерка Дора Липовчан е последната жена од нејзината професија која јавно прозборе за сексуалното насилство што го преживеала, откако бранот на потресни исповеди на јавните личности, кој започна во Србија, со случајот на угледната школа за глума на режисерот Мирослав Алексиќ, се прошири низ регионот.

Липовчан на Фејсбук напиша дека била силувана долго пред да почне да се занимава со глума, а почнала уште во детството, додавајќи дека поради тоа не може да ја обвини својата професија за тоа што ѝ се случило.

„Во работата веројатно имав среќа никогаш да не станам мета на предаторите, можеби и поради тоа што таквото искуство го носев како крвава лузна од претходно, и што до тогаш веќе имав развиено одбранбени механизми кои ги тераа сите со такви намери јасно да се уверат дека со заби ќе им го откорнам гркланот ако некогаш стават рака на мене…“, напиша актерката.

Таа вели дека уште од детството го носи во себе гневот од траумата, и дека молчела 15 години пред да пријави во полиција.

„И не, не го затворија, беше предоцна и немаше доволно докази за на суд… но барем проговорив… оттогаш душата малку помалку ми крвави…“, пишува меѓу другото Дора Липовчан и додава дека се надева оти сите жртви „ќе излезат со конкретни имиња, за предаторите да се тргнат од нашите улици, од нашите школи и академии“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Ана Василевска

Во Хрватска зголемен бројот на случаи на сексуално вознемирување

Ана Ололовска

Алексиќ ги снимал жртвите, им кажувал дека така се вежбаат еротски сцени

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Me силуваше додека децата беа покрај нас: Потресно сведочење на српската актерка за ужасот што го преживеала

Ана Ололовска

Се огласи и познатата актерка Бранка Катиќ: Добро се сеќавам на Мирослав Алексиќ, тој беше и ментален насилник

Жарко Настоски

Скандал во Србија: Познат професор по глума осомничен за силување

Катерина Ѓуровски