Неколку земји од Европската унија добиваат значително помалку дози од вакцината на Фајзер во однос на тоа што очекуваат. Американската компанија ги забави пратките.
Шест држави ја нарекоа ситуацијата „неприфатлива“ и преупредија дака „се намалува кредибилитетот на процесот на вакцинација“. Шведска, Данска, Финска, Литванија и Естонија побараа од ЕУ да направи притсок на Фајзер/Бионтек. Од компанијата велат дека проблемите со дистирбуција на намалаени дози се привремени.
Уште дополнуваат дека доцнењето се должи на промената на начинот на производство што пак било направено за да се зголеми продуктивноста.
„Иако ова привремено ќе влијае на испораката на крајот од јануари и на почетокот од февруари, потоа ќе придонесе за значително зголемување на достапните дози на крајот од февруари и на почетокот од март“ – велат од Фајзер.