Почина и Зигфрид од славниот магионичарски двоец „Зигфрид и Рој“

Од:

Зигфрид Фишбахер, еден од членовите на светски познатата магионичарско-изведувачка двојка „Зигфрид и Рој“, починал вчера во неговиот дом во Лас Вегас на 81-годишна возраст, јавија американските медиуми.

Веста ја пренесе неговата сестра, која кажа дека тој починал „нежно, во сон“. Смртта на Фишбахер, кој боледувал од рак на панкреасот, доаѓа само осум месеци откако почина и неговиот долгогодишен партнер на сцената, Рој Хорн, кој ја загуби битката со коронавирусот во мај лани.

Службата за односи со јавност на брендот „Зигфрид и Рој“ посочи дека Фишбахер поседувал единствена способност да изведува сложени трикови со молскавична брзина. „Ова го поставуваше Зигфрид во совршена спротивност на неговиот партнер, Рој Хорн, кој беше „постојан сонувач“, се вели во официјалната изјава.

Откако се сретнале во родната Германија, Зигфрид и Рој започнаа 50-годишна соработка, а нивните екстравагантни претстави што вклучуваа диви животни, односно диви мачки (тигри, леопарди, лавови), станаа хит во Лас Вегас во 90-те, од каде двоецот го освои светот со своето необично шоу.

Но, во 2003 година, бел тигар тежок 350 килограми го нападна Хорн на сцената за време на настап, нанесувајќи му тешки повреди, кои го принудија да ја заврши кариерата. Двојката формално се повлече во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Лас Вегас: Три жени се пронајдени мртви во два одвоени апартмани, осомничениот е убиен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Збеснат криминалец ја прескокна клупата и ја истепа судијката

Катерина Ѓуровски

Хакери го нападнаа Лас Вегас

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

„Мафијашкото“ езеро кај Лас Вегас се повлекува поради сушата, се појавуваат тела