Лидерката на естонската опозиција Каја Калас доби понуда да формира влада

Од:

Лидерката на естонската опозициска Реформска партија на десниот центар, Каја Калас, од претседателката на земјата, Керсти Каjулајд, денеска доби понуда да формира нова влада, откако премиерот Јури Ратас утринава поднесе оставка во врска со истрагата за финансирање на проекти во главниот град Талин.

Британските медуми јавуваат дека Калас, чија партија победи на изборите во 2019 година, но не формираше влада затоа што Ратас коалицираше со конзервативната Патриотска партија и екстремно десничарската партија ЕКРЕ, ќе има потреба од поддршка во парламентот.

Екстремно десничарската партија ЕКРЕ, чии водачи го осудија изборниот резултат во САД како наместен и новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го нарекоа корумпиран, најверојатно нема да учествува во новата влада.

Калас е критичар на референдумот предложен од владата во заминување за тоа дали бракот треба да се дефинира како заедница меѓу маж и жена.

Естонскиот премиер Јури Ратас денеска ја соопшти својата оставка, откако беше отворена истрага за финансирање на проекти во главниот град Талин.

Порталот БНС јави дека Ратас одлуката за оставката ја донел по синоќешниот состанок на раководството на неговата партија на левиот центар, што заврши доцна ноќта. Порталот наведе дека партијата се смета за осомничена во кривичната истрага за финансирањето, но Ратас негира дека знае нешто за тоа.

Ратас, кој е премиер од 2016 година, ги загуби парламентарните избори во 2019 година, но спречи победникот на изборите, Реформската партија, да ја преземе власта, формирајќи коалиција со конзервативната Патриотска партија и крајната десница ЕКРЕ

Следните избори во Естонија се закажани за март 2023 година.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он