Оптичката илузија, дизајнирана за да покаже како далтонистите гледаат бои, ги остави во чудо корисниците на социјалната мрежа.
Снимката првично била емитувана во 1985 година, а оваа недела за прв пат е споделена на Твитер и Фејсбук од архивата на познатиот Би-Би-Си, а на неа се гледа цело време зелено-жолто-црна верзија на британското знаме.
Во центарот на фотографијата има црна точка што секој треба да ја гледа 20 секунди по што сликата ќе исчезне. Сепак, по околу 20 секунди, некои луѓе ќе ги видат вистинските бои на британското знаме – црвена, сина и бела.
Ever wondered what colour-blind people can actually see? #OnThisDay in 1985, Horizon had the answer via the London Underground map, while viewers stared at a dot to make the Union flag appear in red, white and blue on a blank screen. pic.twitter.com/b1cyJscgzT
— BBC Archive (@BBCArchive) January 7, 2021
Оптичка илузија e објаснета со едноставна теорија за три рецептори. Ретината на окото содржи три вида рецептори на боја наречени конусни клетки, кои содржат различни спектри на апсорпција.
Кога гледате во зелената површина, сино-зелените рецептори се уморуваат и реагираат помалку од вообичаено на белиот екран. Сепак, црвените рецептори кои не биле користени работат нормално. Оваа нерамнотежа создава навидум црвена слика околу 20 секунди подоцна.
Во меѓувреме, жолтите области на моделот на знамето ги активираат и заморуваат црвените и зелените конуси.
Кога сликата ќе стане бела, само рецепторите во сина боја работат нормално, што ја прави оваа доминантна боја што ја забележуваме.
Сепак, ни ова не е начинот на кој далтонистите би ги виделе овие бои затоа што „никогаш не можеме да ги знаеме вистинските бои што ги доживуваат, но можеме да добиеме идеја за опсегот на сензации затоа што знаеме кои бои изгледаат идентични со нив“, наведува нараторот во видеото.