Осум лица загинаа во поплави во Малезија, евакуирани речиси 50.000 луѓе

Од:

Повеќе од 48.000 луѓе се евакуирани поради поплави предизвикани од монсунските дождови во шест сојузни држави на Малезија, а осум лица загинаа.

Малезиската единица за социјална помош соопшти дека поради монсунските дождови кои ги зафатија сојузните држави Паханг, Јохор, Келантан, Теренгану, Перак и Сабах, се евакуирани 48.108 луѓе.

Во соопштението се наведува дека поради поплавите во Паханг се загорозени 27.073 лица, во Теренгану во опасност се 12.899 лица, во Келантан 6.319, во Перак 359, во Јахор 1.422 и во Сабах 36 жители.

Во поплавите досега загинале осум лица, и тоа четири во Паханг, три во Јахор и едно лице во Келантан.

Црвениот крст на Сингапур најави дека ќе донира 50.000 долари за населението кое е загрозено од лошите временски услови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски