Мачка шверцувала мобилни телефони во руски затвор

Од:

Чувари на еден затвор на крајниот север на Русија фатиле мачка со чија помош на затворениците им се доставувани мобилни телефони и полначи.

Управата на затворот во областа Коми соопшти дека мачката е фатена во петокот навечер, додека се качувала по оградата на работниот логор со два мобилни телефони, батерии и полначи прицврстени со леплива лента на грбот.

На Интернет страницата на Управата на затворот поставена е и фотографија на малиот „шверцер“ – црно-бела мачка која еден од чуварите ја држи за вратот.

– И претходно се обидуваа да прошверцуваат забранети предмети во затворот, но овој случај со мачката е единствен. Ништо слично никогаш не е забележано во историјата на затворот, се наведува во соопштението на затворот.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он