Дубаи гради 23.243 згради

Од:

Околу 33.000 кранови моментално се наоѓаат на градежни објекти во Дубаи, а се очекува градежниот сектор во периодот помеѓу 2012 и 2016 година да се зголеми за 9,5 проценти. Оваа година се издадени 23.243 градежни дозволи.

Поради претпостсвките дека за 20 години ќе се потрошат ресурсите на нафта се очекува најмногу пари да се вложат во туризмот.

Тој треба да биде еден од секторите кој во оваа финансиска оаза ќе донесе најголем профит.
Околу 15 милиони туристи секоја година ги посетуваат овие атрактивните летувалишта во арапскиот свет.

Како што сметаат во Дубаи кризата е надмината и до 2020 година планираат да се зголеми бројот на гостите за 50 проценти.

Во наредните години се очекува пораст на хотели, со мал број на ѕвезди.

Иако хотелите ги гради приватниот сектор, тие имаат потполна поддршка и од државата која се грижи за изградба на инфраструктурата.

Дубаи е седмиот најпосетен град во светот на кој што му недостига крајбрежје, па поради тоа се градат острови, како и најубавите трговски центри.

Сепак Дубаи не е рај за сите, бидејќи работниците кои претежно доаѓаат од Бангладеш и Филипини велат дека освен храна и ноќевалиштата за 12 часа работа на ден, во мошне лоши услови, на температура од 50 степени целзиусови, месечно добиваат околу 160 евра плата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски