Една Италијанка на семејството на своја другарка, за новогодишниот дочек, им подарила торта со марихуана, поради што тие завршиле в болница.
Тоа се случило во Фиренца. Целта била шега, но сѐ лошо се завршило. Имено, брачната двојка и нивната ќерка завршија во болница, интервенирале и карабинерите… Девојката призна дека користела марихуана којашто илегално ја купила и ја ставила во тортата – „заради шега“.
Откако карабинерите извршиле претрес во куќата на „готвачката“, пронајдени се пет грама од растението.
Девојката ќе биде обвинета за нелегално поседување дрога. А, се соочува и со можна приватна тужба од семејството, на кои им ја подметнала тортата, за загрозување на нивното здравје.