Научници во Велика Британија не се целосно убедени дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат ефикасни врз новата мутација на коронавирусот пронајдена во Јужна Африка. Тоа го тврди политичкиот уредник на Ај-Ти-Ви (ITV), кој се повикува на неименуван научен советник во британска Влада.
„Според владиниот научен советник, причината за загриженоста на министерот Мет Хенкок е јужноафриканската мутација на вирусот и фактот дека тие не се убедени дека вакцините ќе бидат ефикасни против него, како што е случајот со британската верзија“, изјави политичкиот уредник на Ај-Ти-Ви, Роберт Пестон. Неговата изјава ја пренесоа Ројтерс и другите британски медиуми.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок претходно денеска изјави дека е неверојатно загрижен за новиот вид на Ковид-19.
Владината агенција за јавно здравје не одговори на повиците на локалните медиуми во врска со коментарите на Престон.