Бионтек работи со својот партнер Фајзер на зголемување на производството на вакцината против Ковид-19

Од:

Бионтек работи со својот партнер Фајзер на зголемување на производството на нивната вакцина против Ковид-19, соопштија нејзините основачи, предупредувајќи дека ќе има празнина во снабдувањето се додека не почне испораката на други вакцини.

„Во моментов (ситуацијата) не изгледа добро – се појавува дупка бидејќи недостасуваат други одобрени вакцини и ние мора да ја пополниме празнината со наша сопствена вакцина“, изјави директорот на Бионтек, Угур Сахин, за неделникот „Шпигел“.

Сахин го основал Бионтек со неговата сопруга Озлем Туречи, која е главен медицински директор на компанијата.

САД порачаа 600 милиони дози од таа вакцина во јули, додека ЕУ чекаше до ноември да нарача половина од таа количина.

„Во еден момент стана јасно дека нема да може да се доставуваат (вакцини) толку брзо“, рече Туречи за „Шпигел“.

Според неа, во тоа време веќе било доцна за нови нарачки.

Бионтек се надева дека ќе почне нова производна линија во Марбург, Германија во февруари, каде ќе може да се произведат 250 милиони дози во првата половина на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД