СЗО одобри итна употреба на вакцината на Фајзер и Бионтех

Од:

Светската здравствена организација вчера даде одобрување за вакцината на „Фајзер/Бионтех“ за итна употреба. Ова е прва вакцина против коронавирус, што е одобрена од СЗО за итна употреба, со што отворени се вратите на земјите да ги забрзаат сопствените регулаторни постапки на одобрување на увозот и примената на вакцината.

Одобрувањето овозможува и УНИЦЕФ и Панамериканската здравствена организација да набават вакцина за дистрибуција на оние земји на кои тоа им е потребно, се наведува во соопштението на СЗО.

Еднаков глобален пристап до вакцините е пресуден за борба против пандемијата, нагласи помошничката на Генералниот директор на СЗО, Марианџела Симао.

„Ова е многу позитивен чекор кон обезбедување на глобален приспат до вакцините против Ковид-19. Но, сакам да нагласам потреба за уште поголеми глобални напори за да се постигне доволно залихи на вакцината за да се задоволат приоритетните потреби на луѓето во целиот свет“, порача таа.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски