Четириесет и петгодишниот Метју кој работи како медицинско лице во две локални болници од Калифорнија добил позитивен тест за ковид, една недела откако ја примил вакцината на Фајзер.
Експертите објаснуваат дека за вакцината да дејствува потребно и е повеќе време од само една недела.
Метју вели дека почувствувал симптоми на Ковид на католичкиот Божиќ, шест денови по вакцинацијата, откако одработил смена во ковид-центарот. Тој почувствувал треска и болки во мускулите.
Направил тест за ковид и добил позитивен резултат следниот ден.
Кристијан Рамерс кој е инфектолог вели дека ваквото сценарио не било неочекувано.
„Ние знаеме од клиничките испитувања на вакцината дека се потребни 10 до 14 денови за да развиете имунитет откако ќе се вакцинирате“, вели Рамерс.
Тој појаснува дека првата доза од вакцината овозможува имунитет од само 50 отсто и потребна ви е и втората доза за да достигнете имунитет од 95 отсто.